Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта денеска ја запре изградбата на крст во дворот на црквата во село Здуње.
“Од информациите кои усмено ми ги соопштија жителите на село Здуње, дека во дворот на православната црква “Свети Ѓорѓија“ се гради крст, како градоначалник постапив онака како што предвидува законот. Го испратив инспекторатот по урбанизам на самото место и тие таму увиделе дека е поставен бетонски базамент и инспекторите донесоа решение за запирање на работите. Дадена е наредба да се отстрани базаментот изграден без дозвола“, нагласи градоначалникот Бејта.
Градоначалникот Невзат Бејта рече дека до Општина Гостивар не е поднесено никакво барање за таква иницијатива.
“Секторот за урбанизам не добил никакво барање од страна на гореспоменатата црква за изградба на таков објект. Јас ги повикав претставниците од православната црвка на средба и ги запознав за револтот на жителите од селото, било Албанци било Турци“, истакна Бејта, кој е убеден дека нема да продолжи изградбата на крстот во село Здуње.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.