| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Неопходен е ограничен влез од муслимански држави

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот план да се ограничи влезот за луѓе од неколку муслимански држави е неопходен бидејќи светот е во „целосен хаос“.

Во интервју за „Еј-Би-Си њуз“, Трамп отфрли тврдења дека тој план е „прогон на муслимани“.

– Тоа не е прогонување муслимани, туку муслимански држави во кои се случува ужасен терор – изјави Трамп.

Тој додаде дека САД веќе имаат доволно проблеми и без доаѓање на луѓе кои во многу случаи сакаат уништувања. Трамп одби да каже на кои држави мисли, но наведе дека Европа направила голема грешка што дозволила милиони од тие луѓе да дојдат во Германија и други држави.

– Мислите дека тоа ќе предизвика уште малку бес? Светот е бесно место. Сѐ се случи. Одевме во Ирак, а не требаше. Не требаше да се повлечеме како што направивме. Светот е во хаос – изјави Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top