| четврток, 6 декември 2018 |

Не се штеди на засилувања: ПСЖ го претстави Гонзало Гуедеш

goncalo-guedes-signe-au-psg-guedes,168526

Францускиот шампион Пари Сен Жермен го обезбеди и второто големо засилување во овој зимски преоден рок. По стапките на Германецот Џулијан Дракслер тргна и младиот напаѓач на Бенфика, португалецот Гонзало Гуедеш. Тој вчера потпиша четиригодишен договор со „светците“ од Париз, а денеска и официјално беше претставен во новиот клуб.

– Со задоволство можеме да објавиме дека Гонzало Гуедеш пристигна во Париз и откако го мина медицинските прегледи потпиша договор со Пари Сен Жермен до 30 јуни 2021 година, објави францускиот клуб.

За овој трансфер Бенфика ќе инкасира 30 милиони евра, а парижаните во трката за неговиот потпис беа поуспешни од Манчестер Јунајтед кој неколку месеци наназад беше заинтересиран да го доведе младиот напаѓач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top