Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша укази за изградба на ѕид долж границата со Мексико, долг 3.200 километри и за вршење на рации во градовите кои ги штитат илегалните мигранти. Локалните претставници во Сан Франциско, најчесто демократи, одбиваат да соработуваат со сојузните службеници во акциите против илегалните мигранти.
Се очекува Трамп да преземе чекори со кои би се ограничила илегалната миграција, вклучително извршните наредби со кои ќе се редуцира бројот на бегалци и блокирање на издавање на визи на граѓаните од неколку муслимански блискоисточни држави и од северна Африка. Меѓу тие држави се Сирија, Судан, Сомалија, Иран, Ирак, Либија и Јемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.