Спасувачите пронајдоа уште тела на жртви во лавината, што пред една недела го затрупа хотелот во Италија, со што вкупниот број на загинати во несреќата нарасна на 25 лица – 13 мажи и 12 жени, пренесе ДПА.
Како исчезнати се уште се водат четири лица. Иако веројатноста тие да бидат пронајдени живи веќе е минимална, спасувачките операции ќе продолжат се додека не се најдат сите исчезнати луѓе, уверуваат италијанските власти.
По лавината, вкупно 11 лица беа пронајдени живи, а меѓу нив и четири деца, кои под урнатините на хотелот го преживеаја ударот на масата снег.
На 18 јануари 120.000 тони снег, со брзина од околу 100 километри на час, се струполија врз хотелот со четити ѕвезди „Риџопиано“. Истиот ден серија земјотреси со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја потресоа централна Италија.
Италијанското обвинителство отвори истрага за убиство од невнимателност за да утврди евентуална одговорност за несреќата или неадекватна реакција на спасувачките служби.
Се прават проверки зошто повиците за помош од хотелот биле задоцнети, зошто се забавило испраќањето на риначот на снег што пристигнал многу по спуштањето на лавината врз хотелот, дали имало процедури за реакција во несреќи и дали тие биле почитувани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.