Одговорно тврдам дека Свети Николе ќе биде најбрзорастечка општина во наредниот период бидејќи ги имаме сите предуслови за тоа. Изградбата на автопатот Скопје – Штип, експресниот пат Велес – Кадрифаково, најавената реконструкција на патот Свети Николе – Куманово, близината на аеродромот “Александар Велики”, изградбата на гасоводот, железничката пруга Велес – Штип, како и слободното неизградено земјиште во неколкуте индустриски зони ќе овозможат брз економски развој на општина Свети Николе, вели градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев во интервју за Вечер.
– Од проекцијата на новиот генерален урбанистички план кој е со опфат од 713 ха и се проширува за нови 270 хектари од претходниот, предвидени се и зони за изградба на станбени објекти, како и зони за проектот “Купи куќа за млади” каде е предвидена површина од 15 хектари, а со деталните урбанистички планови зголемен е опфатот на индустриската зона “Југ” каде што правните субјекти можат да ги откупат површините на своите објекти, а овој опфат се зголемува за нови 28 хектари каде што ќе може да се градат објекти од лесна и незагадувачка индустрија, а ќе значат голем економски бенефит за општината, бидејќи индустриската зона “Југ” се наоѓа веднаш до автопатот Скопје – Штип. ДУП за централното градско подрачје носи развојна компонента и предвидува изградба на станбен и деловен објект што ќе придонесе економски бенефит за општината, средства кои ќе се искористат за реализирање на претходно наведените инфраструктурни проекти. Со деталните урбанистички планови предвидени се изградба на населби во селата Трстеник и Преот кои се наоѓаат во близина на клучка на автопатот Скопје – Штип и се атрактивни како населби и за домување и за викенд. За овие населби имаме голема заинтересираност од жителите на Скопје, вели Тасев. Целото интервју може да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.