| четврток, 6 декември 2018 |

Голем допинг скандал во Јамајка, на Болт му е одземен олимписки златен медал!

jamajka stafeta

Легендата на кралицата на спортовите и најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт, нема веќе девет златни медали од Олимписките игри, откако неговиот репрезентативен колега Неста Картер е позитивен на допинг тест, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет.

Картер е позитивен на супстанцата метилекланамин и ќе биде суспендиран на неодредено време. Супстанцата е пронајдена во неговата крв по штафетната трка 4×100 метри, во која Јамајка во состав Болт, Фрејтер, Картер и Пауел го освои златото во Пекинг 2008 година.

Дисциплинската комисија на МОК пресуди дека поради овој допинг скандал на Картер, целата репрезентација на Јамајка ќе биде дисквалификувана, а со тоа ќе ги загубат златните медали. Ова го чинеше Болт еден златен медал и сега не е повеќе рекордер со освоени три златни медали од три Олимписки игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top