„Црн понеделник“, обиди за блокирање и окупирање на Пралемнтот при гласањето носење на Буџетот, герила акции против политичари од владејачката партија, преку недела протести, за викенд и празници луксузни одмори… Иако многуммина ќе помислат дека ова е добро познатото сценарио кое опозицијата преку соросовите инсталации го спроведува во Македонија, сепак станува збор за Полска, каде Џорџ Сорос преку своите полуги со исти методи, манипулации и трикови се служи против полската влада во обидот за нејзино рушење и погазување на волјата на полскиот народ.
До неодамна, само Унгарија, која е родно место на Џорџ Сорос, наспроти сите членки на ЕУ, успеа да ја разоткрие лажната слика на „филантроп“, но сега, влијанието во Источна Европа од страна на Сорос започнува да се разнишува со оглед на тоа што полски политичари отворено во јавноста ги акцентираа и проговорија за неговите сомнителни активности.
Џорџ Сорос веќе се има закотвено во Полска во изминативе три декади, со основањето на Фондација „Стефан Батрој“ (сестринска на Фондација Отворено Општество) во 1988 година.Претходно, ниту еден полски политичар не се осудуваше да го „оцрни“ Сорос. Сепак, работите се сменија кога проговорија пратениците Кристина Павловиц и Павел Кукиз, кои упатија сериозни критики и обвинувања кон „филантропот“.
Сорос инвестира 40 милиони евра за соборување на полската Влада
Пратеничката и професорка Кристина Павловиц го окарактеризира Сорос како ултра националист, левичар кој само прави проблеми, кој отворено ги поддржува анти-демократските и анти-полските субјекти за да ја разнишаат сувереноста на Полска и христијанската култура.
– Со активностите на Сорос во Полска се урива и се гази врз Уставот и законите на Полска, рече Павловиц.
Убедена за негативните влијание на Сорос, Павловиц недамна ги повика надлежните институции да ги проверат активностите, на како што го нарече “овој штетник“. Таа побара и да му биде одземена највиската државна награда (Order of Merit), која Сорос ја доби од претседателот Бронислав Коморовски во2012 година.
Неодамна и пратеникот Павел Кукиз предизвика лавина од реакции во полската јавност, откако изјави дека зад „Комитетот за одбрана на демократијата“, кој ги организира демонстрациите во Полска „стоиеврејскиот финансиер Џорџ Сорос.“
-Според некои медиуми Сорос во соборувањето на владата во Варшава ќе инвестира 150 милиони злоти, (околу 40 милиони евра), изјави Кукиз, кој е лидер на патриотското движење кое има свои пратеници во Сејмот, а самиот како председателски кандидат доби 20% гласови на избирачите.
Полјаците покренаа петиција за забрана на СОРОС во земјата
На Сорос не му се допаѓаат националните влади во многу земји, особено влади кои имаат голема поддршка од народот и кои ги штитат интересита на граѓани не подлегнувајќи под притисок. Во зависност од тоа, фондации и организации поврзани со него, многу пати беа вклучени во соборувањето на “режимот“ во вид на револуции и промена на националноста во Европа.
Полските граѓани неодамна започнаа петиција со која сакаат да ја прекинат работата на неговите фондации во Полска. Причината за ваквата петиција се должи на активностите на фондацијата Стефан Батори, за која американскиот финансиер распределил 150 милиони злоти (околу 40 милиони долари) за борба против хомофобијата, антисемитизмот, ксенофобијата и сите форми на дискриминација
Разни левичарски организации можат да аплицираат за грант за да се промовираат целите за деградација на националниот суверенитет во Соросовите организации. Исто така, Сорос неодамна започна проект во Полска наречен „Бегалци, добредојдовте во Полска„, програма за доаѓање на бегалци и мигранти во Полска која содржи инструкции да ја постигнат својата цел за влез во Полска и нудење на финансиска поддршка која би можеле да добијат од Фондацијата за бегалци на Сорос.
Проектот за исламизација на Европа, Сорос го поддржува долго време и има изнесено план за да обезбеди средства за финансирање на имиграција за исламски мигранти од Блискиот Исток и Африка за да се промени националната структура на европските земји. Полска со тешката политика кон мигрантите му стои на патот на проектот на Сорос.
Токму затоа, Полска се најде на удар од масовно организирани протести и надворешен притисок. Но, сѐ уште не попушта пред притисокот на Сорос.
„Црн понеделник“, блокирање на буџетот, демонстрации- сценарио веќе видено во Македонија
„Црн понеделник“, обиди за блокирање и окупирање на Пралемнтот при гласањето носење на Буџетот, герила акции против политичари од владејачката партија, преку недела протести, за викенд одмори… Ова се само дел од активностите на соросовите организации во Полска, сценарио кое веќе е видено во Македонија, спроведено од опозициската СДСМ и огранокот на Фондацијата Сорос во земјава.
Пред само неколку недели, полската опозиција направи обид за окупација на Парламентот и обиди за блокирање при носењето на Буџетот, сценарио кое Македонија веќе го виде во 2012-та година во креација на СДСМ и соросовите невладини.
Опозицијата во Полска на 12-ти јануарија заврши блокадата на парламентот која траеше цел месец, откако опозициските пратеници ја блокираат пленарната сала во Парламентот и го обвинија парламентарното мнозинство дека самите го изгласале буџетот за 2017 година.
Обидите на СДСМ за блокирање на Буџетот во 2014 претходеа на таканаречениот „Црн понеделник“. Дека очигледни се сличностите во она што се случуваше во Македонија и она што се случува Полска покажува и тоа што и полската опозиција преку инсталациите на Фондацијата „Отворено општество“ успеа исценира полски „Црн понеделник“.
На крајот од минатата година полски граѓанки во Варшава и другите поголеми градови, предводени од невладини организации кои се во блиски врски со соросовата фондација излегоа на улиците во женски штрајк во знак на протест против плановите на полската власт за уредување на процедурата за абротус, нарекувајќи го денот „црн понеделник“.
Качински- “трн во око“ на полската опозиција и Сорос
Главна цел на нападот на Сорос и полската опозиција е претседателот на најголемата и владеачка партија „Право и Правда“ Јарослав Качински. Качински на чело на партијата е од 2002-ра година, а во јули минатата година беше ризбран за нов тригодишен мандат.
Качински, како највлијателен и најмоќен полски политичар кој ја има довербата од полските граѓани постојано е критикуван од соросовите невладини организации и опозицијата, која работи на негово деградирање и оцрнување.
Демонстрантите во Варшава на протестите на опозицијата во режија на граѓанските организации финансирани од Фондацијата „Отворено општество“ носат транспаренти на „Kacyznski, Cienki bolek“, што во превод значи, „Качински, ти си шутрак“. Според Качински пак, ваквите Полјаци се, “отпадот на вистинската Полска“.
Качински е вистински “трн во око“ на целокупната полска опозиција и соросовите организации во земјата. Постојано е на удар на опозициските медиуми, а неодамна беше и нападнат од опозициски активисти додека одеше на помен на својот брат близнак Лех Качински, поранешниот полски претседатекој загина во авионска несреќа во 2010-та година.
„Шарените“ од Полска по примерот македонските платеници
Сличноста во делувањето на полската опозиција потпомогната од Џорџ Сорос со она на опозицијата во Македонија е повеќе од очигледна. Со слични методи, манипулации и трикови, платени активисти ги одработуваат интересите на американскиот мулти милијардер со унгарско потекло во спроведувањето на политиките на неговото „Отворено општество“.
Истите тие платеници –активисти на двете најголеми опозициски левичарски партии,за време на божиќните празници, од 17-ти декември до 10-ти јануари, на смени ја продолжуваа 24-часовната окупација на Долниот дом на полскиот парламент. Слично како и во Македонија, додека од една страна протестираа за немањето демократија и слобода, од друга страна беа забележани како за време на празниците се забавуваат во луксузни одморалишта.
Тврдејќи дека ја бранат демократијата, опозициските пратеници често беа мета на потсмев на социјалните мрежи, како во случајот со фотографите објавени за време на божиќните и новогодишните празници на кои се гледа дека иако тие се претставуваат дека протестираат сепак одмораат.
На 30 декември, Пицард Петру, лидер на опозициската Nowoczesna, кој тврдеше дека ситуацијата е драматична, беше забележан дека не беше на „стража“ за време на Нова Година а тој одговори дека неговата смена поминала на ред за Божиќ, и дека сепак во „срцето е со своите соборци“.
На 31 декември на интернет се појави видео, од Петру и фотографија на која се гледа дека е во придружба на припадничка на понежниот пол. Двајцата беа фотографирани во авион кој се движи кон Португалија, каде двајцата политичари заминале на како што го нарекуваат краток одмор.
Исто така, сериозна е ситуацијата и со Матеуц Кијовски, лидер на Комитетот за одбрана на демократијата, кој како член и лидер на движењето за една година заработил околу 20.000 долари кои легнале на сметка на неговата компанија за компјутери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.