Во напуштена куќа на улицата „4 Ноември“ во Битола изутрината пронајден е мртов бездомникот С.Д. (48) кој подолго време живеел со уште еден бездомник П.А., исто така од Битола.
Случајот е регистриран во 5 часот и 50 минути кога пристигнала екипа на Итната медицинска помош и констатирала смрт кај С.Д. и тешка здравствена состојба кај П.А. кој е пренесен на лекување во битолскиот Клинички центар.
Обвинителството поведе истрага за овој случај и наредена е обдукција врз починатиот за утврдување на причините за неговата смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.