Земјоделците од Тирнавос во централна Грција вчера два часа го блокираа автопатот во делот меѓу Лариса и Кожани, во знак на протест поради зголемувањето на даноците и придонесите за социјално осигурување.
Автопатот беше блокиран од 18 до 20 часот, по одлука која ја донесе синдикатот на земјоделците во понеделникот.
Земјоделците од Дамаси денеска планираат да блокираат дел од стариот национален пат кој ги поврзува Лариса и Кожани. Дополнително ќе биде соопштено на кои патишта ќе се постават блокади во наредните денови и во текот на викендот.
Грчките земјоделци и минатата година презедоа слични акции кога со денови блокиаа автопати низ целата земја, како гранични премини кон соседните земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!