| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Претстои голем ден за националната безбедност, ќе го изградиме ѕидот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска веројатно ќе потпише извршни укази за изградба на ѕид долж границата со Мексико, за времена забрана за влез на бегалци во САД и прекин на издавањето визи за граѓани од Сирија и уште шест блискоисточни и африкански земји, пишуваат американските медиуми.

Трамп доцна синоќа на Твитер напиша: „Утре претстои голем ден за националната безбедност. Меѓу другото, ќе го изградиме ѕидот!“. Со тоа Трамп ќе го исполни едно од главните предизборни ветувања.

Според весникот „Вашингтон пост“, американскиот претседател ќе ги потпише указите на средба со високи функционери од Министерството за внатрешна безбедност.

Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека оваа недела Трамп ќе се осврне на нелегалната миграција, забранувајќи прием на бегалци од Сирија и други „земји со муслиманско население, кои се склони кон тероризам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top