| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: СОРОС истура 5 милиони евра годишно во Македонија на пропаганда

СОРОС истура 5 милиони евра годишно во Македонија на пропаганда, изјави еден од основачите на  граѓанското движење „Стоп операција Сорос“ и политички аналитичар, Никола Србов.

Тој вели дека нивната организација не работи по нечиј диктат туку по сопствено убедување, а тоа народот умее да го препознае. За разлика од нив, на другата страна, во Македонија дејствуваат невладини организации на фондацијата СОРОС во кои се вложени огромни суми за пропагандни цели.

-Да вложите 5 милиони само на пропаганда, и тоа, во држава од 2 милиони жители се огромни средства. Еквивалент во САД би биле неколку милијарди евра. Замислете неколку милијарди евра да се истурат во САД на годишно ниво само за пропаганда против една политичка партија или само против пропаганда на една личност, како што се протестите против Доналд Трамп. За земја како Македонија пет милиони евра се огромна сума, тоа значи дека на едни регуларни избори би потрошиле 20 милиони евра на една перманента кампања против една политичка партија- истакна Србов.

Србов и Цветин Чилиманов гостуваа во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, на тема „СОРОС – дестабилизатор во регионот?“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top