Специјалното јавно обвинителство, откако ги крена рацете од Пуч и од доказите кои постојат за тој случај, денеска докажа дека е инструмент само за отворање на случаи за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. За Пуч, во кој осомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев, Јанева вели дека немала докази иако за тој предмет има и признание на еден од обвинетите, а постојат и видео снимки, како и пресретната комуникација меѓу Заев и Зоран Верушевски, како и меѓу поранешниот прв разузнувач и извршителите, кои говорат за мотивот, начинот и целта на прислушувањето, уценувањето и заканувањето врз македонскиот општествено државен врв.
По сето тоа, а водено строго од партиски и ним блиски луѓе, СЈО денеска по материјали по прислушувањето, дело од случајот „Пуч, а потоа избрани и одделени само за партиски потреби, отвори две нови истраги во кои осомничи девет лица.
Двата предмета, кои се продолжување на фарсата, носат имиња на буквата „Т“. Во првиот предмет наречен „Тарифа, осомничени се седум лица, додека во предметот „Тенк“ осомничени се две лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.