Иако сите ние знаеме дека богатите стануваат сè побогати, а сиромашните сè посиромашни, разликата помеѓу овие две групи станува сè поголема и поголема. Како што вели статистиката, само осум луѓе на светот имаат богатство коешто е идентично на богатството на 3.6 милиони индивидуи, заедно!
Извештајот на Oxfam којшто го доби називот “Економија за 99%”, е споделен и претставен на Светскиот економски форум во Давос.
Потенцирајќи ги растечките економски разлики, овој извештај ни ги покажува, како избегнувањето за плаќање на даноците, намалувањето на заработката и употребата на моќта на богатите имале силно влијание на финансиската криза којашто владее во денешницата.
Извештајот предвидува дека првиот “трилионер” ќе го добиеме во текот на наредните 25 години, ако нештата и понатаму се одвиваат по овој тек. Во периодот помеѓу 1988-та и 2011-та година, приходите на најсиромашните десет отсто жители пораснале за само 65 долари, додека во споредба со тоа, приходите на најбогатите луѓе пораснале за 11.800 долари.
А како најлоши жртви на ваквиот тренд се издвојуваат жените, коишто ќе мора да причекаат уште 170 години како би добиле исти плати, за истите работни места, како и мажите!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.