| четврток, 6 декември 2018 |

Во името на Фани, Милчин и светиот Сорос

FANI KARANFILOVA-PANOVSKA

Родена на: 22 септември

Образование: Економски факултет

Професија: Директорка на ФООМ

 

Нема човек во земјава кој толку пожртвувано застанал во одбрана на своите месечни примања колку што изминатава недела се ангажира во одбрана на платата на извршната директорка на Фондацијата Отворено општество, Фани Каранфилова-Пановска новопечениот пратеник Павле Богоевски.

Ние се занимаваме со тоа кој колку е платен и кој е „поавтентичен“ протестирач. Без да навлегувам подлабоко, ќе кажам дека – имајќи предвид низ што се’ поминаа и поминуваат Владимир Милчин и Фани Каранфиловска –Пановска, мислев дека земаат повисоки плати од сумите кои ги објави Курир. И мислам дека заслужуваат, напиша Богоевски на социјалните мрежи чекајќи ги собраниските седници.

Исто така, никој досега не си го бранел претходникот во директорското столче толку пожртвувано како што го стори тоа Каранфилова-Пановска во „Топ тема“ на Телма.

-Ве молам да не разговараме за Владимир Милчин и за монтираниот процес за лустрација. Кон овој човек. Јас ве молам ако може да не разговараме з луѓе кои не се присутни овде. Не се плашам, но се чувствувам непријатно да разговарам за луѓе кои не се присутни во студиото. И тоа не е темата на дебатата, нервозно реагираше Каранфилова-Пановска и со помош на водителката ја промени темата на разговорот за организацијата а чиешто чело е – платена со парите на Сорос, којашто до влера ја раководеше лустрираниот режисер Милчин.

Веројатно да беше во емисијата и Миличин, ќе застанеше во одбрана на Сорос  за да се затвори „синџирот на исхрана“ во отвореното општество.

Во отсуство на владетелот од сенка, Каранфиловска ја презеде неговата улога ако што ја презеде и пред година и пол функцијата, па застана меѓу Чилиманов и Сорос.

Фондацијата „Отворено општество Македонија“ е создадена во 1992 година. Една од првите работи кои ги има направено Џорџ Сорос за оваа земја е што тој прв и даде кредит во времето кога ниедна финансиска институција не ценеше дека Македонија е кредитноспособна држава, во времето на ембаргото од Грција и нафтената криза, изјави директорката ФООМ во емисијата „Топ тема“ на Телма реагирајќи на констатациите на новинарот Цветин Чилиманов.

Каранфилова-Пановска е личност на неделата како најсилната алка во синџирот меѓу парите и платените. Со нејзин потпис 2,5 милиони долари од џебот на Сорос се влеваат во џебовите на платените протестирачи, борци за слобода, борци за човекови права и за што уште не во Македонија.

Каранфилова-Пановска е личност на неделата зашто зад неа застана војска корисници на благодатите од нејзините потписи, а таа, пак, повторно застана со жив ѕид пред Сорос.

Сериозна клевета е дека Сорос е безбедносна закана, некому треба параван за неспособноста и некапацитетноста. ФООМ работи отворено и транспарентно и сѐ што спроведува и има повеќе од потребно на нашата веб-страница. Никогаш не сме се судриле со институциите, прв се случува сега постизборно да биде најавена инспекција од УЈП и во сите невладини организации финансирани од ФООМ. Апсолутно дека УЈП има мандат да го контролира работењето, но симптоматично е што досега ниедна власт не почувствувала потреба преку УЈП да прави оркестриран упад во ФООМ. Нападите и контролите не стивнуваат, ВМРО-ДПМНЕ секој ден нѐ потсетува дека требало да има десоризацијата, ако формира влада ќе почувствуваме ефекти. Но, само Глобалниот борд носи одлука дали Сорос ќе функционира во Македонија или не. Дотогаш остануваме посветени на принципите на отвореното општество, рече Фани Каранфилова-Пановска.

Каранфилова-Пановска е личност на неделата затоа што нема одговор зошто огромен процент од европскиот буџет на Сорос оди токму на Македонија, и тоа, по правило секогаш пред избори.


Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“вп 230 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 27 јануари 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top