Германската диџеј-ѕвезда, Пол ван Дајк се враќа во Скопје. Настапот на диџејот е закажан за 3 февруари во „Метрополис арена“, а промотивната цена на влезниците од 400 денари важи само до недела, 29 јануари.
Влезниците можете да ги најдете во продажната мрежа на купи карти за се, во Розе Веро 2, Југотон Рекордс и Пола Југотон како и на останатите стандардни продажни места.
Ова нема да биде прв настап на овој германски диџеј во Македонија, но ќе биде дел од неговата голема светска турнеја на која овој добитник на Греми Награда ќе посети светски метрополи меѓу кои и Скопје. Неговиот сет освен најголемите хитови кои што го лансираа на врвот, ќе биде надополнет и со траки од најновиот албум The politics of dancing 3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.