Актуелниот англиски шампион, Лестер, оваа сезона прикажува катастрофални резултати во Премиер лигата, па по последниот пораз од Саутемптон падна на 15. позиција на табелата. Иако ги задржа Варди и Марез, воедно и се засили со неколку одлични фудбалери, тимот на Клаудио Раниери сепак е далеку од посакуваната форма, па наместо битка за горниот дел од табелата, сезонава го очекува ботба за опстанок.
– По обичај, знаевме дека силните клубови ќе се гладни за освојување на титулата и дека ќе биде тешко. Минатата сезона беше магична, како приказна, но оваа година сме во реалноста. Сигурно е дека ќе биде тешко оваа сезона за нас. Оваа е прва сезона на тимот во Лигата на шампионите и приоритет е да го продолжиме настапот во ова натпреварување – истакна Раниери.
Добра вест за „лисиците“ е што Алжир експресно беше елиминиран од Купот на Африкански Нации, па Ријад Марез и Ислам Слимани веќе во текот на оваа седмица повторно ќе му се стават на располагање на Раниери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата