Најстудениот месец во годината истовремено е и најкритичен за љубовта. Најголема веројатност партнерот да побара развод е токму во јануари, покажуваат статистичките податоци.
Психолозите велат дека не ги изненадува овој податок. Затоа што празниците се поминати, а со нив и обврските да останеме со партнерот кој повеќе не го сакаме. Многумина одлучуваат да свртат друг лист, а старата врска често прва страда во настојувањето да го “исчистиме” животот. А некои токму во периодот од новогодишните слободни денови сфаќаат дека повеќе немаат ништо заедничко со личноста која би требало да им биде животен сопатник.
Пред да донесете одлука понатака да продолжите сами, прво пробајте со еден трик – заедничко гледање омилени серии и филмови.
Како што велат експертите, кога правиме нешто заедничко со партнерот, па макар тоа да биде и пасивно гледање серија, ова го зајакнува чувството на заедништво кое пак ги зацврстува врските.
Исто така оваа метода позитивно влијае дури и кога физички сте раздвоени, па стручните лица за врските на далечина предлагаат тие истовремено да следат некоја серија и за неа да разговараат, затоа што така остануваат поврзани. Дури и кога не можете да се договорите околу тоа што ќе гледате, не донесувајте брза, конечна одлука.
извор македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.