| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре без снег, но постудено

Врнежите од снег, кои денеска се со умерен интензитет во западните и јужните делови, утре ќе престануваат и ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засиелн ветер од северен правец. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утринските температури повторно на повеќе места ќе бидат под -10 степени, а дневната за време на викендот ќе биде во благ пораст.

В петок утринската ќе се движи од -15 до -5, во сабота од -16 до -7, недела од -12 до -3 и во понеделник од -8 до 0 степени.

Дневната утре ќе се движи од -5 до 2 степени, во петок од -5 до 3 степени, во сабота од -2 до 6, во недела од 0 до 5 степени и во понеделник од 1 до 6 степени.

Денеска времето е облачно со повремени врнежи од снег во попладневните часови и во текот на ноќта во западните и јужните делови, каде повремено ќе бидат со умерен интензитет и снежната покривка ќе се зголеми од 5 до 10 сантиметри. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Најмалку услови за врнежи има во северните делови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top