Додека пациентите и здравствените работници реагираат дека нема инсулин, без реакција од надлежните. Претставниците на владата предводена од СДСМ не даваат одговор што се случува, но додека беа во опозиција единствено нешто за што говореа беше дека нема инсулин, дека истиот кој е набавен не е соодветен квалитет, дека е спорна постапката за набавки. Сега кога дојдоа на власт ги нема.
Најгласна во ова беше тогашната пратеничка на СДСМ Јагода Шахпаска.
-Никола Тодоров и Никола Груевски се најголемите штетници на здраствениот систем во Македонија. И оваа година, трета по ред има инсулинска криза. Над 39.500 граѓани во Макдонија со дијабет зависат од каприците на Никола Груевски и Никола Тодоров за богатење на криминалната власт, а штедење на најскапоценото нешто – здравјето на граѓаните. Покрај сите притисоци врз докторите на Тодоров не му успеа да ги префрли пациентите од од инсулински аналози на поевтините хумани инсулини. Сега посегна по друга мерка – скратување на испораката на аналози во аптеките за 25% . Со тоа ги принуди докторите да го припишуваат само оној инсулин што го има во инсулинските аптеки, а не иснуслинот што му е потребен на пациентот, изјави Шахпаска пред две години.
Таа говореше дека недоволната испорака повторно доведе до недостиг на инсулин на пациентите.
-Овој проблем ги принудува лицата со дијабет непотребно да шетаат од аптека во аптека во Скопје, рече Шпахпаска.
Таа и сега е пратеник во Собранието, но нејзината партија ја предводи владата, па така Шахпаска заборави на инсулинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)