| четврток, 6 декември 2018 |

Венус како во најдобрите денови, се пласираше во полуфинале по цели 17 години

venus vilijams

Венис Вилијамс и со своите 36 години успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, прво по цели 17 години.

Легендарната Американка во четвртфиналето ја победи Анастасија Павлјиченкова со 6-4,7-6, во меч во кој беа видени дури девет брејка, од кои пет во првиот сет.

Коко Вандевеј од САД е втората полуфиналистка, откако ноќва во второто четвртфинале ја победи шпанската тенисерка со потекло од Венецуела, Гарбиње Мугуруза со 2-0 во сетови (6-4, 6-0). За Вандевеј ова е најголем успех и прво Грен слем полуфинале во кариерата.

Плишкова – Лучиќ Барони и Конта – Серена Вилијамс се утрешните четвртфинални парови од долниот дел на костурот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top