Моментот кога се појави Филмскиот фонд, некаде се совпаѓа со претходниот филм што го правев. Фондот беше етаблиран само една година пред тоа, јас за тој филм добив минимални средства, далеку помалку од другите во тоа време, но, сепак, успеавме со 250.000 евра да снимиме еден игран фил што бара многу и како одеа годините така буџетот на тој фонд енормно се зголемуваше. Морам да кажам дека буџетот со кој што агенцијата располагаше стана завиден, рече режисерот Владимир Блажевски во отвореното студио на ТВ „Нова“.
– Има уште една работа на која јас сум многу среќен и горд, бидејќи сум и професор на Факултетот за драмски уметности, само во последните 3 години многу сум задоволен што се појавија нови авторски имиња, коишто се наши студенти, коишто се совпаѓаат со некоја моја приватна вредност, листа на креативни млади кои подготвуваат нови културни проекти – истакна Блажевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.