| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Лондон, има ранети

Најмалку пет лица се повредени во силна експлозија во станбена зграда во источен Лондон, информира „Дејли мејл”. Околу 70 пожарникари се борат да се справат со огнот, кој што зафатил неколку стамбени објекти. Пожарот започнал по експлозија која што се случила на приземјето од стамбена зграда со три ката.

Причината за експлозијата засега останува непозната, а според полициски извори повредени се најмалку пет жители. Четири биле веднаш превезни во болница, а едно лице само се јавило во Брзата помош со повреди.

Од полицијата апелираат возачите да го избегнуваат овој регион бидејќи затворени се патишатата, а од противпожарникарните служби најавуваат дека прават се што е во нивна моќ за гаснење на пожарот и спасување на жителите на зградите во близина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top