Производи на попуст во продавниците има, но тешко може да се забележат. Поради овој недостаток четворица трговци се опоменати од пазарниот инспекторат. Имаат рок од осум дена прозиводите на распродажба да ги издвојат и постават на одвоено место од оние со редовни цени, во спротивно ќе бидат казнети и тоа со глоба од 700 евра за правното лице, а со 30 отсто од оваа сума ќе биде казнето одговорното лице. Инспекторите на терен во последните три месеци од минатата година направиле 115 контроли, истражува „Сител“.
Освен тоа што производите со попуст многу пати не се на видно место како чести манипулации со кои се служат трговците се и нереалните попусти односно поевтинувањето не е толку коклу што е најавено. Има ситуации кога трговците ќе најават попусти на сите производи, а всушност поевтинување има само на едно или две парчиња. Се случува и пред попустот цената да биде зголемена и на тој износ да се направи намалувањето.
Од инспеткорат велат дека има намалување на неправилностите кај трговците , но дека инспекторите се постојано на терен се со цел да се намалат манипулации кон потрошувачите. На тој начин културата на домашните тргоци ќе се доближи до онаа на трговците во регионот каде најчесто на шопинг одат македонските граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.