| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Гамбија побегна од државата со сите луксузни автомобили

Сега веќе поранешниот претседател на Гамбија, Јахја Џамех побегна од државата, а со себе однел десетина милиони долари од државната каса.
Советникот на новиот претседател на Гамбија тврди дека поранешниот лидер на африканската држава Јахја Џамех, во текот на последната седмица додека бил на власт успеал да ја испразни државната каса, украл милиони долари, а дури и со авион ги изнел неговите луксузни автомобили од земјата.

jahja-dzameh-napustanje-gambija-tocka-2017-01

Советникот Маи Ахмад Фати ова го откри пред новинарите во Сенегал, каде што новиот претседател на државата Адам Бероу се уште чека да се смири ситуацијата во Гамбија и да се врати дома за да ја превземе власта. Фати открил дека претседателот Бероу ќе се врати дома што е можно поскоро.

Се проценува дека Џамех со себе однел најмалку 11,4 милиони долари, открил Фети напоменувајќи дека неговиот тим досега успеал толку да открие, а тоа не е конечната сума на украдени пари.

jahja-dzameh-napustanje-gambija-tocka-2017-02

„Гамбија е финансиски оштетена. Државната каса е буквално испразнета, тоа е моменталната фактичка состојба. Тоа е потврдено и во Министерството за финансии и во Централната банка на Гамбија“, порача Маи Ахмад Фети.

Џамех претходно во текот на неделата одлета од Гамбија откако мораше да ја напушти власта. Тој владееше со државата 22 години откако на власт дојде преку воен пуч, а откако неодамна загуби на претседателските избори, тој одби да ја предаде власта.

gambia-military-large_trans_NvBQzQNjv4BqqVzuuqpFlyLIwiB6NTmJwfSVWeZ_vEN7c6bHu2jJnT8

Како што пренесуваат западните медиуми, неговото владеење го одбележале масовни затворања, убиства и измачувања на политичките неистомисленици, а тој пред се одбил првично да ја предаде власта затоа што требало да одговара пред меѓународниот суд за права за сторени злосторства против човештвото.

Повикувајќи се на извори од терен, британската новинска агенција „Ројтерс“ пренесува дека воените единици на коалицијата на Економската заедница на западноафриканските земји (ECOWAS) навлегле во главниот град на Гамбија во рамките на операцијата за доведување на власт на демократски избраниот претедател Бероу.

Авторитарниот лидер Џамех конечно се повлече од чело на државата после силниот притисок на меѓународната заедница и армиите на западноафриканските држави, а во меѓувреме во четвртокот, демократски избраниот претседател Бероу положи заклетва во гамбиската амбасада во соседен Сенегал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top