| четврток, 6 декември 2018 |

Гамбија прогласена за Исламска република

gambijaПретседателот на Гамбија, Јахја Џаме, ја прогласи оваа мала западноафриканска држава за Исламска република, образложувајќи дека е тоа во согласност со верата на мнозинското население во земјата и настојувањата таа да се ослободи од колонијалното минато. Претседателот на Гамбија оваа одлука ја соопшти во петокот на крајот од еден политички собир, пренесуваат американските медиуми.

Џаме изјави дека одлуката е во согласност со верскиот идентитет и вредности на државата, во која околу 90 отсто од населението го сочинуваат муслимани и изнесе уверување дека христијанската заедница ќе биде заштитена.

-Гамбија не можеше да дозволи да продолжи колонијалната оставштина, истакна претседателот Џаме.

Оваа држава својата независност од Велика Британија ја стекна во 1965 година.

Еден опозициски лидер изјави дека ваквата одлука може да се најде на референдум. Џаме дојде на власт во 1994 година, а бројни организации го обвинуваат за кршење на човековите права, вклучувајќи ја и пресметката со политичките неистомисленици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top