| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Нов апарат за магнетна резонанција во Поликлиника „Чаир“

Здравствениот дом „Скопје“ ќе набави нов апарат за магнетна резонанција кој ќе биде инсталиран во Поликлиника „Чаир“, најави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, по состанокот што го имаше со менаџментот на Здравствен дом „Скопје“. Станува збор за  апарат кој  претставува врв во дијагностиката, а услугата на секундарно ниво ќе ја добиваат околу 250.000 граѓани од 5 општини кои гравитираат околу Поликлиника „Чаир“.

Министерот Тодоров истакна дека со набавката на апарат за магнетна резонанца сериозно ќе се подигне нивото на целиот здравствен дом.

-Во здравствениот дом се набави и апарат за компјутерска томографија кој е веќе во функција, а со набавка на магнетна резонанца ќе се заокружи сериозно високо ниво на дијагностика. Со набавката на овој апарата ќе се овозможи сериозно доближување на оваа услуга на сите оние на кои што тоа им е потребно. Ова ќе биде петти апарат за магнетна резонанца во градот Скопје или осми на ниво на Р. Македонија . Процедурата ќе биде започната веднаш , истакна Тодоров.

Министерот посочи дека се очекува некаде до средината на оваа година да се заврши процедурата за набавка и до крајот на годината да биде испорачан апаратот за магнетна резонанса и да бидат ставени во функција.

Директорката на Здравствениот дома Скопје, Татјана Баевска-Вучковиќ, информираше дека за адаптирање на просторот во Поликлиника Чаир, каде што ќе биде инсталиран новиот апарат, се планирани околу 1 милион денари.

-Овој апарат претставува врв во дијагностиката, кој дава најдобар приказ, визуелизација, дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна метода, безболна и употребува нејонизирачко зрачење. Снимањето може да се повторува неколку пати. Дава прецизна детекција на малигни заболувања и дава соодветен приказ на проширување на одредено малигно заболување, истакна Баевска-Вучковиќ .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top