| четврток, 6 декември 2018 |

Фановите можат да здивнат, Бускетс не е сериозно повреден

serhio buskets

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, синоќа предвреме го заврши мечот против Еибар, излегувајќи во десеттата минута, откако над него жестоко стартуваше Ескаланте. Иако се предвидуваше долг рехабилитациски период, сепак повредата на Бускетс не е од многу сериозен карактер.

– Неговата повреда не е толку сериозна колку што мислевме. Прегледите покажаа дека нема големи оштетувања на скочниот зглоб. Исто така, има и неколку играчи кои би можеле да го заменат Бускетс на таа позиција, така што не постои опасност по тимот – истакна Луис Енрике.

Тимот на Луис Енрике ја забележа 12. победа во шпанското првенство и се наоѓа на третата позиција на табелата со 41 бод, еден помалку од второпласираната Севилја. Во наредното коло Барселона ќе гостува кај Бетис, а ја очекува и реванш-дуелот против Реал Сосиедад во Купот на Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top