На сајтот бил напишан, но наскоро и отстранет нејзиниот “бизнис со накит”.
Како што наведува Вашингтон Пост, во биографијата пишувало: Меланија исто така е ѝ претприемничка. Во април 2010. година Меланија Трамп отворила своја линија со накит која се продава преку ТВ канал.
Меѓутоа, бидејќи Трамп е критикуван дека може да се најде во судир на интереси поради своите бизниси кога ќе стане претседател, изгледа дека било одлучено да не се споменува ни компанијата на првата дама.
Сега на веб страната повеќе не го пишува името на нејзината компанија, ниту е наведено дека истиот се продава преку ТВ канал.
Портпаролот на госпоѓа Трамп рекол дека споменувањето на нејзината компанија немало цел да рекламира, но дека сега било отстрането поради претпазливост.
И додека во текот на претседателската кампања на интернет кружела нејзината биографија во која пишувало дека таа наводно дипломирала на Универзитетот во Љубљана, на сајтот на Белата куќа тоа било поправено и сега пишува дека “запишала студии, но дека паузирала поради кариера во манекенство”.
Во нејзината биографија се наведуваат и детали од нејзини телевизиски гостувања и појавувања во списанија. Наведена е ѝ нејзината страст кон уметноста, архитектурата, дизајнот, модата и убавината.
Бидејќи нејзиниот сопруг се заканува со апсење и протерување на илегални имигранти, на сајтот е истакнато дека таа од 2006. година “гордо станала граѓанка на САД”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Драма на небото: Се запали авионот на Меланија Трамп!