Спасувачките екипи досега пронашле тела на шест лица кои загинаа откако снежна лавина затрупа хотел во централниот дел на Италија, а по 23 луѓе се уште се трага. Операцијата за спасување продолжува. Досега е потврдено дека во несреќата загинале пет лица, додека деветмина, меѓу кои четири деца, вчера се извлечени живи под снегот и урнатините на четирикатниот хотел „Ригопијано“ во регионот Абруко.
Градоначалникот Марко Амориело изјави дека ситуацијата за жал е иста како и изминатите неколку денови, но спасувачките операции продолжуваат иако се спроведуваат под исклучително тешки временски услови. Некои од спасувачите велат дека не се исклучува можноста да бидат пронајдени уште преживеани, повеќе од три дена по несреќата. Полицијата соопшти дека еден преживеан и тројца загинати биле пронајдени следејќи го сигналот на нивните мобилни телефони. Околу 120.000 тони замрзнат снег го прекрива поголемиот дел од остатокот на хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Нова лавина кај Бигорскиот манастир го блокира сообраќајот
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира