| четврток, 6 декември 2018 |

Олимискиот шампион елиминиран во осминафинале, Унгарија го направи најголемото изненадување на СП

ungarija

Репрезентацијата на Данска која пред само половина година стигна до олимписката титула во Рио, неочекувано ги заврши настапите на Светското првенство во Франција откако осминафиналето дуел со Унгарија доживеа пораз од 25-27.

Унгарците се надминаа себеси во осминафиналниот меч и го елиминираа големиот фаворит кој предводен од Микел Хансен најавуваше атак на медал. Главната разлика вредна победа Унгарија ја направи во последните пет минути, кога од 24-24 со голови на Габор Часар и Балог се одлепи на 26-24, а потоа, во финишот Часар погоди кога беше најпотребно.

Најефикасен ракометар во редовите на Унгарија беше Мате Лекаи со шест гола, а го следеше Балог со четири, додека Часар ги постигна двата најважни гола. Кај Данците, најмногу се истакна Хансен со осум гола од 13 обида. Голем удел во победата на Унгарија имаше и голманот Миклер, кој собра 15 интервенции.

Во вториот осминафинале меч одигран од 16 часот Шведска не дозволи никакво изненадување и буквално го декласира составот на Белорусија со 41-22 која пласманот во осминафинале може да го припише како најголем успех досега.

Скандинавците уште во првото полувреме ја презедоа работата во свои раце и му дозволија на противникот да се понадева на некаква сензација бидејќи направија солидна предност од 13 голови разлика (24-11).

Најефикасни во победничкиот состав беа ГОдфридсон и Екберг со по седум голови.

Во терминот од 18 часот, актуелниот вицешампион Катар игра со европскиот шампионГерманија, додека од 20.45 се среќаваат Хрватска и Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top