Ова на прв поглед делува како обична фотографија , а во суштина ја открива фантастичната, логичната и праведната организација на глутница на волците.
Ова не е обична фотографија со волци, таа има своја тајна.
Иако на прв поглед делува дека се работи за обична колона, секој од волците има свое место и во неа се наоѓа со причина.
Првите три волци кои го следат снегот, се и трите најстари, најболни и набавни членови на заедницата. Тие го диктираат темпото, а во случај да наидат на опасност први е бидат жртвувани. Доколку одат на крајот од колоната, веројатно толку би заостанале што би се загубиле и би станале лесен плен.
По нив одат петте најсилни и најдобри волци од глутницата, кои се всушност еден вид на извидници, а зад нив во златна средина одат 11 волчици. На волчиците грбот им го чуваат пет волци, а на крајот на колоната, речиси изолиран оди водачот на глутницата кој така од далечина има и одличен преглед на целата колона и држи се под контрола.
извор: македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Семејство од Тетово живее со волци: Уверен сум дека човекот е полош од волкот


