| четврток, 6 декември 2018 |

Да видиш да не веруваш: Купил стан без кредит и без позајмнување

Никола Станковиќ од Белград успеал да собере пари за стан и открива која е тајната.

Тој вели дека пушач месечно троши по 50 евра или 600 евра годишно за цигари и тоа се пари кои можат да ги заштедат.

– И мене луѓето ме гледаат чудно и се чудат кога ќе им кажам дека сум купил стан. Не знаат како дошло до тоа и сакам да објаснам. Да не лажам, ја имав среќата на несреќните деведесетти години и секое лето одев кај вујна ми во Грција и таму почнуваше р’мбањето. Таа беше Гркинка и живееше на Халкидики. Во тоа време се користеа драхмите во Грција и продавав крофни кај локални Албанци и Грци. Договорот беше сличен на оној денес – од секоја крофна по 100 драхми или 50 центи одат кај нас, а другото кај сопственикот. Работев секој ден од 10 до 14 часот и за тоа време земав 40 евра – вели тој.

Додава дека така правел секое лето, работел по 2 месеци, а имало и денови кога работел со часови и заработувал добро.

Станковиќ парите ги ставил во банка и каматите тогаш биле големи.

Кога бил студент работел за мала плата, но тие пари ги трошел без да заштеди.

Од парите во банка кои ги имал како заштеда успеал да купи стан на 35 години. Уплатил стан на 15 км од Белград  за 26.000 евра. Вели дека можел парите да ги потроши на нов автомобил, на многу други работи, но тој сакал стан. Раскажува дека сите кои ќе ги запознае и ќе им каже дека не е потстанар се чудат како успеал да купи стан на 35 години без кредит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top