Пред потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Здружението за развојни иницијативи – Геостратешки институт „Глобал“ од Скопје и градоначалниците на повеќе македонски општини, Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ги осуди синоќешните случувања на арената „Филип Втори“ во Скопје, кои доведоа до прекин на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на „Шкендија“ и „Тетекс“ и побара санкционирање на оние кои доведоа до тоа, како и итна институционална акција.
– За жал, токму вчера на финалето на Националниот фудбалски куп што требаше да биде празник на фудбалот, повторно имавме навредливи скандирања, фрлање на предмети и факели, по што финалето мораше да биде прекинато. Вчерашните немили сцени оставија горчина и разочараност кај секој спортист, секој навивач, секој обичен граѓанин – изјави Иванов.
Со мемодандумот, кој беше потпишан денес на пладне, ќе се овозможи реализација на Проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот – спортски бон-тон“, чиј покровител е претседателот Иванов. Сега, како што рече, е моментот решително да се застане на патот на ваквите појави и најригорозно да се санкционираат оние кои немаат никаква врска со спортот и ги користат спортските натпревари за разгорување на секаков вид нетрпеливост и омраза.
– Сево ова бара итна институционална акција, која ќе ги опфати сите слоеви на нашето општество. Мора да ги раефирмираме вистинските вредности на спортска игра, особено меѓу најмладите, како идни главни актери на спортските терени, и како учесници и како навивачи. Верувам дека токму овој проект ќе придонесе во афирмирање на вистинските морални норми
во спортот. Норми кои подразбираат коректен однос кон противникот и публиката, признавање на прекршок, коректен однос кон делителите на правдата, односно градење на целокупен спортски однос – спортски бон-тон, потенцира Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
Претседателот Иванов им посака успешен настап на членовите на џез-квартетот „Форплеј“ од САД во „Вила Билјана“ во Охрид