Утринава во Скопје по кратко и тешко боледување почина прославениот пливачки тренер и селектор на Македонија, Димитрија Поповски – Шкипер.
76-годишниот Шкипер долги години беше во пливањето и под негова капа Македонија ги имаше најголемите успеси со редовни учества и одлични резултати на големите натпреварувања и олимпијади.
Тој ќе остане запаметен како предводник на овој олимписки спорт, кој ги постигна најголемите успеси со Наташа Мешкоска, Александар Миладиновски, Александар Маленко, Весна Стојановска и други пливачи кои ја одбележаа ерата на преминот од 20 во 21 век. Со нив тој учествуваше на четири Оилимписки игри, и тоа Барселона (1992), Атланта (1996), Сиднеј (2000) и Атина (2004).
Поповски беше последен селектор на југословенската пливачка репрезентација, пионер меѓу македонските тренери по пливање, прв олимписки тренер и прв професор по пливање, а подоцна и Декан на Факултетот за спорт и физичка култура. Тој беше истакнат член на Македонскиот олимписки комитет, а претходно и пратеник во Собранието на Македонија.
Дел од македонската пливачка елита која што тој долга низа години ја едуцираше, денеска се простува од својот учител, кој во понеделник ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 11 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!
-
Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање