Писмата кои поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Џорџ Буш им ги пратиле на своите наследници, за прв пат биле објавени во јавноста.
“Ќе има тешки моменти. Ќе те критикуваат. Твоите “пријатели” ќе те разочараат”, му напишал Џорџ Буш на својот наследник Барак Обама на 20 јануари 2009 година.
“Но, секогаш ќе го имаш семоќниот Бог со себе, семејството кое те сака, државата која ќе придвижува, вклучувајќи ме и мене. Не е важно што ќе дојде, ќе бидеш инспириран од луѓето кои ги сакаш”, напишал Буш.
Бил Клинтон на Буш во 2001. година во писмото му напишал дека ќе води “горд, чесен и добар народ”.
“Од овој ден, вие сте ни претседател на сите нас. Ве поздравувам и ви посакувам успех и многу среќа”, напишал Клинтон.
Писмата биле објавени со дозвола да на претседателската библиотека, како дел од долгата традиција која го вклучува и писмото кое Роналд Реган му го пратил на Џорџ Буш Постариот.
Инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, се одржa вчера со што тој стана 45. претседател на таа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Трамп ќе го протера Ѓулен за да го омекне ставот на Турција по убиството на Кашоги