| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите револтирани: Изолирани на планина тренираат во ладна сала

makedonija-vo-mec1-615x400

Организацијата на Светското првенство во Фрација е далеку под нивото. Македонските ракометари и во осминафиналната фаза завршија изолирани на планина на еден час возење до Албервил каде што утре го играат осминафиналниот натпревар против Норвешка. И во Мец, македонската репрезентација секој ден патуваше по 20 км до салата, а во изолација на планина се и пред осминафиналето.

Македонската репрезентација е сместена во местото Брид ле Бен во непосредна близина на Курсавел, местото каде што пред три години настрада Михаел Шумахер. Според информациите од нашиот табор, сместувањето и условите за тренинг се далеку под нивото на едно Светско првенство. Собите во хотелот се мали, а денеска тренираа во ладна сала во близина на хотелот.

За ова веќе е реагирано и до надлежните во ИХФ бидејќи слични поплаки има и од другите учесници на ракометниот мундијал.

Дополнителен проблем за македонската репрезентација е што во близина нема болница, па не може точно да се дијагностицираа каква е состојбата со повредите на играчите. Засега накритична е состојбата кај Дејан Манасков кој има скинат мускул и според информациите од нашиот стручен штаб, за него првенство најверојатно е веќе завршено. Неизвесна е и состојбата на Филип Миркуловски кој исто така се повреди на вчерашниот меч против Исланд. Тој денеска не тренираше, но сепак постои надеж дека тој утре ќе биде во составот на македонската репрезентација за дуелот против Норвешка.

Оддалеченост е проблем и за македонските новинари од кои поголемиот дел се сместени во Гренобл, на стотина километри оддалеченост од местото каде што е сместена репрезентацијата и нешто помалку од Албервил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top