Хилари Клинтон на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп дојде во придружба на својот сопруг и поранешен претседател на САД, Бил Клинтон.
Се појави во бело одело, не сакаше да одговара на новинарските прашања и само ги поздрави. Она што имаше да го каже, го порача преку „Твитер“.
– Тука сум за да ја испочитувам нашата демократија и нејзините трајни вредности. Никогаш нема да престанам да верувам во нашата земја и нејзината иднина – напиша Клинтон.
I’m here today to honor our democracy & its enduring values. I will never stop believing in our country & its future. #Inauguration
— Hillary Clinton (@HillaryClinton) January 20, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.