Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп заедно со неговата сопруга Меланија пристигна во Белата куќа, каде беше пречекан од претседателот во заминување Барак Обама и досегашната прва дама Мишел.
Откако заедно испија чај, Обама и Трамп стигнаа во Капитол Хил каде ќе биде објавена свечена инаугрурација на новоизбраниот претседател.
На приемот се и новиот потпретседател на САД, Мајкл Пенс со сопругата како и неговиот претходник Џозеф Бајден, исто така со сопругата.
Обама денеска за последен пат излезе од Овалната канцеларија, работа соба на американскиот претседател каде на работно биро од 19 век, остави писмо за Трамп, како што е обичај претседателот во заминување да остави лична порака за својот наследник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.