| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се скри во зајачка дупка

Мол­кот е зла­то. Та­ка ве­ле­ле ста­ри­те од дам­неш­ни вре­ми­ња. Во се­гаш­но­ста, пак, ова е де­ви­за на СДСМ. Бу­квал­но и фи­гу­ра­тив­но – де­ви­за. Мол­кот е зла­то и тре­ба да им до­не­се зла­то, т.е. де­ви­зи. Евра, до­ла­ри, фран­ци во за­мис­ле­на­та им Вла­да, не е бит­но. Со мол­кот око­лу ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, пар­ти­ја­та ку­пу­ва вре­ме од твор­ци­те на пла­тфор­ма­та, на чи­е­што соз­да­ва­ње ку­му­ва­ше ток­му За­ев. Па, и ред­но е ос­но­во­по­лож­ни­кот на но­ва­та ал­бан­ска ка­у­за по тол­ку ма­ка и да ќа­ри не­што од рож­ба­та. Ку­пу­ва­ат вре­ме со на­деж де­ка се­то тоа со­ле­но ќе го нап­ла­тат ко­га ќе дој­дат на власт и ако дој­дат. И до­де­ка че­ка­ат, из­го­во­ри­те им се бед­ни. Ви­нов­ни за со­ци­јал­де­мо­крат­ско­то лу­та­ње да ти би­ле по­шти­те и ман­да­тот...

Си­те си ка­жаа. Вла­си, Ро­ми, Тур­ци, Ср­би и, се­ка­ко, Ма­ке­дон­ци. Ама са­мо дел. Ми­наа по­ве­ќе од две не­де­ли по бо­жик­на­та че­сти­тка во фор­ма на ал­бан­ска­та пла­тфор­ма на ДУИ, Бе­са и Али­јан­са­та, а СДСМ и на­та­му си мол­чи ли мол­чи око­лу при­фат­ли­во­ста. Му­дро? Кој знае, по­ве­ро­јат­но и не та­ка му­дро ту­ку по­ве­ќе кал­ку­лант­ски, а уште по­ве­ро­јат­но и не е та­ка лес­но да да­де­те став за не­што на што сте му ку­му­ва­ле. За­мис­ле­те си са­мо да го пра­ша­те ку­мот: Што мис­лиш за кум­че­то, ќе го би­де ли? Од­го­во­рот се по­драз­би­ра, но во СДСМ тоа не смее да би­де јав­но сро­че­но, осо­бе­но не кај ма­ни­пу­лан­ти­те и из­вр­ту­ва­чи­те од „Па­вел Ша­тев“, ка­де што сѐ уште трае жур­ка­та за „ќа­ре­ни­те“ 70.000 ал­бан­ски гла­со­ви од из­бо­ри­те. И до­де­ка на си­те им е јас­но де­ка вр­ху­шка­та на СДСМ би си ја про­да­ла и сопс­тве­на­та мај­ка (та­тко­ви­на­та се по­драз­би­ра) за да дој­де на власт, нив­ни­те ју­риш­ни­ци се нај­доа на но­ва ма­ка. Ка­ко ли се­га да го оправ­да­ат мол­кот за ед­но тол­ку важ­но пра­ша­ње? Ми­наа де­но­ви, не­де­ли. И… Еу­ре­ка! Ама онаа сдсмов­ска­та. На­ви­ка си е на­ви­ка, па ка­ко и се­ко­гаш, мрз­ли­ви­те стра­те­зи не се из­ма­чи­ја. Им тре­ба­ше це­ла ед­на не­де­ла за да ја смис­лат вто­ра­та глу­по­шти­на, а таа уште по­ло­ша од пр­ва­та. Проб­ле­мот на­ре­чен по­шти се пре­о­бра­зи во жел­ба за ман­дат. Та­кси­рат…

 

Ви­нов­ни се „Ма­ке­дон­ски по­шти“, и точ­ка…

Пред де­се­ти­на де­на пар­ти­ја­та из­ле­зе со крај­но ре­тар­ди­ран од­го­вор. Ве­ру­ва­ле или не, а по­ве­ро­јат­но е вто­ро­то, но од СДСМ да ти че­ка­ле офи­ци­јал­но да ја до­би­јат пла­тфор­ма­та за да ја ко­мен­ти­ра­ат. По­и­на­ку не мо­же­ле, нор­мал­но. Ту­ка се це­лос­но во пра­во. Се­ри­оз­но, па и би би­ло фер од Ах­ме­ти, Ка­са­ми и Се­ла да му ис­пра­тат и ори­ги­нал­на ко­пи­ја од пла­тфор­ма­та на тој што им ја овоз­мо­жи. Да, За­ев по си­те пра­ви­ла би тре­ба­ло да до­бие ори­ги­нал уко­ри­чен во поз­ла­те­на рам­ка. Си ја зас­лу­жи. А и мо­ти­вот не бе­ше ше­га. Се­то ова са­мо за да Агим (на ал­бан­ски има исто зна­че­ње со Зо­ран) вла­дее со по­бра­ти­ми­те Еди и Ха­шим, ко­а­вто­ри на пла­тформ­ско­то пи­са­ние. Не му е лес­но.

Ар­но ама, нај­ве­ро­јат­но, проб­ле­мот да ти бил во „Ма­ке­дон­ски по­шти.“ По­мал­ку ве­ро­јат­но е де­ка пот­пис­ни­ци­те на пла­тфор­ма­та се ос­ме­ли­ле да не го чес­тву­ва­ат нај­зас­луж­ни­от лик за неа, ко­му не­о­фи­ци­јал­но Ха­шим Та­чи му под­го­тву­ва спе­ци­ја­лен ме­дал, по­го­лем и од оној на се­ал­бан­ски­от хе­рој Вла­ди­мир Мил­чин. Ва­ка, и по­до­бро за ду­шев­но­то здрав­је на вр­ху­шка­та на но­ва­та ан­ти­ма­ке­дон­ска пар­ти­ја на За­ев, би би­ло да се те­шат де­ка пи­са­ни­е­то заг­ла­ви­ло во не­кое де­по на „Ма­ке­дон­ски по­шти.“ Апа­ши. Па, и не би им би­ло прв­пат. И са­ми зна­е­те де­ка че­сти­тки­те за Но­ва го­ди­на сѐ уште при­сти­га­ат, не­ли.

Та­ка, оче­биј­но е де­ка ма­ка­та и ис­че­ку­ва­ње­то на СДСМ да ја до­бие пу­ста­та пла­тфор­ма сѐ уште тра­ат. Со нив и не­мож­но­ста да ѝ од­го­во­рат на ма­ке­дон­ска­та јав­ност што мис­лат за неа. Со­др­жи­на­та ја зна­ат и во ко­о­пе­ра­ци­ја, но прин­цип си е прин­цип. Гре­о­та, си­гур­но не им е лес­но да жи­ве­ат во оче­ку­ва­ње, по­сто­ја­но да гле­да­ат кон пор­тир­ни­ца­та и да го че­ка­ат чо­ве­кот кој ѕво­ни два­па­ти. А по­ве­ро­јат­но, оној кој „со ду­ша“ го оче­ку­ва­ат е ток­му пот­пис­ник на пла­тфор­ма­та. Да, не­со­ни­ца­та се дол­жи на оче­ку­ва­ње­то на до­бар абер од Али. Ка­ков и да е. Не мис­ли­ме на на­рач­ка од Али Екс­прес, ту­ку на на­рач­ка од скоп­ски­от рид ко­ја За­ев се на­де­ва де­ка на­ши­от Али не ќе мо­же да ја од­бие. Ама дој­де и ина­у­гу­ра­ци­ја­та на Трамп. Прок­ле­ти, бав­ни ма­ке­дон­ски и бр­зи аме­ри­кан­ски по­шти…

analiza229-3

Преч­ка за ста­вот е со­нот на За­ев?

„Не­из­вес­но­ста“ во при­ка­ска­та за до­би­ва­ње­то на пла­тфор­ма­та за, ко­неч­но, СДСМ да го ка­же ста­вот, кој го зна­е­ме си­те, сѐ уште трае. Исто ка­ко и се­кој лош филм со бед­но сце­на­рио и уште по­ло­ша ре­жи­ја. Ар­но ама, вр­ху­шка­та на ан­ти­ма­ке­дон­ска­та пар­ти­ја не се на­де­ва на „Злат­на ма­лин­ка.“ Јок. Ма­лин­ка не, ама ман­дат да. Нив­на це­лос­на са­ти­сфак­ци­ја би бил еден оби­чен ман­дат, и тоа ќе ги „отво­ри“. Неј­се што во тоа ни­кој и не се сом­не­ва.

Во но­во­пе­че­на­та „Зо­на на са­мра­кот“ на по­ра­неш­на Би­ха­ќка, ка­ко во евтин на­уч­но­фан­та­сти­чен филм, ра­ко­водс­тво­то ис­чез­на без тра­га и глас. Исто­вре­ме­но и без ни­ка­кво об­јас­ну­ва­ње, ги сне­ма си­те. За­ев, Ше­ке­рин­ска, Ши­ле­гов, Ре­на­та, ста­наа не­вид­ли­ви… Ах, ис­па­ри­ја и Аде­ми и Му­хи. Да­ли мо­же­би си­те се на пор­тир­ни­ца че­кај­ќи ја пла­тфор­ма­та за да да­дат став? Те­шко, но, за сре­ќа, се нај­де еден нив­ни вој­ник за да ја об­јас­ни ди­ле­ма­та.

Не пла­тфор­ма­та, За­ев и ком­па­ни­ја да ти го че­ка­ле ман­да­тот. Ова јас­но и глас­но го ка­жа нив­ни­от Боч­вар­ски во втор­ни­кот. Не ка­жа да­ли ја до­би­ле и офи­ци­јал­но, но за­те­чен од но­ви­на­ри­те, тој се збу­ни, под­голт­на и си ка­жа што му рек­ле да ка­же. Не­ма­ле да го обе­ло­де­нат ста­вот за пла­тфор­ма­та сѐ до­де­ка не го до­би­е­ле ман­да­тот. Е то­гаш, ко­га ќе до­би­е­ле, среќ­ни од „де­ша­вка­та“ ко­ја ја че­ка­ат и со­ну­ва­ат це­ли 10 го­ди­ни, ќе се сми­лу­ва­ат и ќе ни со­оп­штат што мис­лат за про­ме­на­та на име­то, на хим­на­та, на зна­ме­то. По­ра­но не, за да пук­не­ме од ма­ка, не­ли. Иа­ко си­те зна­ат што мис­лат. Исто­вре­ме­но, ќе ни ка­жат што мис­лат и за дво­ја­зич­но­ста ко­ја ја про­па­ги­ра­ше ток­му За­ев. Да­ле­ку пред тоа и да им „тек­не“ на Ах­ме­ти и на Се­ла. Со Ка­са­ми беа до­бро ко­ор­ди­ни­ра­ни од ча­до­рот, та­ка што тој си зна­ел за сѐ. Исто ка­ко и за фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та. „Не зна­е­ја“ са­мо Ма­ке­дон­ци­те што гла­саа за нив. Да, исти­те оние Ма­ке­дон­чи­ња што јас­но и глас­но го слу­шаа мур­тин­ски­от спа­си­тел ка­ко го ка­жу­ва се­то тоа, но „не­вер­ни­те То­ми“ не по­ве­ру­ваа оти „ку­ри­ри­те“ и „ре­пуб­ли­кан­ци­те“ ла­жеа. Е се­га, дел се све­сти­ле де­ка згре­ши­ле. Вре­ме бе­ше…

analiza229-4

Не­су­де­ни­от ман­да­тар скри­ен во за­јач­ка дуп­ка

И та­ка, За­ев си че­ка да ста­не ман­да­тар. Со­нот, ко­неч­но, ќе му бил ис­пол­нет. Пр­во гра­до­на­чал­ник, па в.д. пре­тсе­да­тел на СДСМ, па пре­тсе­да­тел, кој во ме­ѓу­вре­ме исто како мен­то­рот Со­рос до­би ме­си­јан­ски комп­лекс и се са­мо­прог­ла­си за спа­си­тел (ма­кар мур­тин­ски), а се­га го че­ка вр­вот на сво­ја­та ка­ри­е­ра. Да, За­ев че­ка и са­ка да ста­не ман­да­тар. Па­ра­до­ксал­но, но ви­со­ка­та, нај­ви­со­ка­та по­зи­ци­ја во ка­ри­е­ра­та ја че­ка на нај­ни­ска над­мор­ска ви­со­чи­на. Исти­от тој За­ев че­ка да ста­не ман­да­тар или та­ка се на­де­ва, скри­ен во за­јач­ка дуп­ка. Ис­чез­нат и скри­ен од све­тот са­мо за да не дај бо­же не­кој слу­чај­но го пра­ша за став за пла­тфор­ма­та на Ал­бан­ци­те ко­ја тој ја офор­ми и чи­и­што пре­дус­ло­ви ги соз­да­де. За­мис­ле­те са­мо кол­ку е те­шко лич­но да соз­да­де­те не­што, тол­ку го­ле­мо, ма­кар и гр­до ка­ко пла­тфор­ма­та, а да не сме­е­те да си ги зе­ме­те зас­лу­ги­те за неа. Ве­лат де­ка та­ка се чув­ству­ва­ат ма­сов­ни­те убиј­ци, кои нај­че­сто за­ко­нот и ги фа­ќа по­ра­ди нив­на­та жел­ба – на све­тот да му ги откри­јат „зас­лу­ги­те и де­ла­та.“ Ве­ро­јат­но, та­ка се чув­ству­вал и до­ктор Ви­ктор Фран­кен­штајн. Иа­ко, ве­лат де­ка до­кто­рот имал чув­ство на срам.

analiza229-2

На­ши­от не­су­ден ман­да­тар, пак, во ме­ѓу­вре­ме, со не­из­мер­на жел­ба за власт се крие во за­јач­ка дуп­ка. Со­од­вет­но на пре­зи­ме­то, ќе ре­чат мно­гу­ми­на. Ар­но ама, та­ка скри­ен и за­шти­тен од јав­но­ста, тој мо­же­би ус­пе­ва да го „скрие“ ста­вот за пла­тфор­ма­та, кој го зна­ат и ма­ли­те де­ца на ули­ца, но исто­вре­ме­но за­бо­ра­ва и де­ка мол­кот зна­чи сил­но одо­бру­ва­ње. Со­ци­јал­де­мо­крат­ско­то кри­е­ње на ра­бо­ти­те под те­пих и за­ко­пу­ва­ње на не­и­зре­че­но­то во ти­ши­на­та но­си са­мо еден, ед­но­ста­вен збор и кон­ста­та­ци­ја. Ќе да­дат сѐ, ќе ја над­ми­нат пла­тфор­ма­та и ќе ги збу­нат и Ал­бан­ци­те со по­ну­да­та. Тол­ку гро­мог­ла­сен молк одам­на не сте чу­ле, ни­ту тол­ку сил­но ехо кое на ова би сле­ду­ва­ло од Ма­ке­дон­ци­те. А Ма­ке­дон­чи­ња­та? Тие дос­лед­но ќе си мол­чат до крај. Не ве­ру­ва­те? Пра­шај­те ги Му­хи, Аде­ми и Ка­са­пи…

 

Пан­дов: Си­те ќе се из­не­на­дат ко­га ќе се из­јас­ни За­ев

pandovГо­ди­ни на­на­зад ко­га са­ка­те да ги слуш­не­те или про­чи­та­те ста­во­ви­те на СДСМ, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Але­ксан­дар Пан­дов, про­ве­ре­но нај­точ­ни­те ин­фор­ма­ции ги има­ат нив­ни­те Со­ро­со­ви пла­те­ни­ци, Фрч­ков­ски, Ге­ров­ски, Трич­ков­ски и Ор­да­нов­ски.

Пандов: Мно­гу че­сто, по­со­че­ни­ве ли­ко­ви се и кре­а­то­ри на по­ли­ти­ка­та на СДСМ. Чи­сто за по­тсе­ту­ва­ње де­ка мно­гу по­ра­но пред да го про­мо­ви­ра швај­цар­ски­от кан­то­на­лен мо­дел, Ге­ров­ски про­мо­ви­ра­ше фе­де­ра­ли­за­ци­ја, а Фрч­ков­ски ну­де­ше пре­ми­ер­ско ме­сто по клуч на Ал­ба­нец. От­ту­ка, јас­ни се ста­во­ви­те на СДСМ око­лу се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма и по­крај тоа што отка­ко таа се по­ја­ви во јав­ност, СДСМ го сне­ма од јав­ност. По­втор­но ту­ка се нив­ни­те ме­ди­ум­ски ме­га­фо­ни, кои не што не ви­де­ле точ­ка ко­ја не би мо­же­ле да ја ис­пол­нат и до­го­во­рат, ту­ку це­ла­та таа пла­тфор­ма им би­ла и ма­ла рам­ка, па иста­та и би ја до­гра­ди­ле. По­втор­но и по­втор­но пред очи на це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност гле­да­ме ка­ко овие изро­ди ли­ци­ти­ра­ат и се над­да­ва­ат со ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си. Во це­ли­от цир­кус соз­да­ден од За­е­ва­та по­ну­да за офи­ци­ја­ли­зи­ра­ње на ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко втор служ­бен на ни­во на це­ла Ма­ке­до­ни­ја и фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на др­жа­ва­та, па пре­ку зго­ле­му­ва­ње­то на вло­гот на ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии со пла­тфор­ма­та и ба­ра­ње­то за про­ме­на на име­то, зна­ме­то и хим­на­та на др­жа­ва­та и при­фа­ќа­ње на се­то тоа од нив­на­та Со­ро­со­ва ме­ди­ум­ска ко­ња­ни­ца, ве­ру­вам де­ка, се­пак, пос­лед­ни­от влог е оста­вен за нив­ни­от ли­дер Зо­ран За­ев. Во ос­тва­ру­ва­ње на не­го­ва­та жел­ба за до­а­ѓа­ње на власт по­ве­ќе па­ти ни до­ка­жа де­ка не по­сто­јат ли­ми­ти и огра­ни­чу­ва­ња, не по­сто­јат др­жа­вен и на­ци­о­на­лен ин­те­рес. По­стои са­мо ли­чен и пар­ти­ски. За­тоа е за оче­ку­ва­ње де­ка ко­га, ко­неч­но, За­ев ќе се из­јас­ни за пла­тфор­ма­та се­ал­бан­ска, це­ла­та ма­ке­дон­ска, а и се­ал­бан­ска јав­ност ќе би­де из­не­на­де­на од по­ну­да­та на За­ев.

 

kostovНа иста ли­ни­ја е и ко­лум­ни­стот Со­тир Ко­стов, кој јав­но пра­ша зо­што мол­чи За­ев. Го по­тсе­ти и де­ка по­ли­ти­чар што мол­чи, а не дејс­тву­ва во суд­бо­нос­ни мо­мен­ти, не мо­же ни да во­ди мо­дер­на по­ли­ти­ка ни­ту да збо­ру­ва за де­мо­кра­ти­ја.

Костов: Kаде си ти? Че­каш мол­че­шкум да до­би­еш шан­са да би­деш ман­да­тар, пре­ми­ер и др­жав­ник што ќе ја во­ди Ма­ке­до­ни­ја? Те­шко на по­ли­ти­ка­та и на де­мо­кра­ти­ја­та со те­бе, кој ед­но­став­но не ги од­би­ра, не му се­че гла­ва­та. По­те­шко на сдсмов­ци­те со те­бе, со ли­дер што се крие. Нај­те­шко на си­те нас со „др­жав­ник“ ка­ко те­бе, кој не знае ко­га тре­ба да го кре­не гла­сот за Ма­ке­до­ни­ја. Зо­ра­не За­ев, ја­ви се!

 

janevski30_thumb_medium240_152И но­ви­на­рот Дар­ко Ја­нев­ски по­твр­ди де­ка ра­бо­ти­те по­ле­ка се скло­пу­ва­ат. Та­ка, од ед­на стра­на го има­ме СДСМ, кој со дво­ја­зич­но­ста го отво­ри па­тот за пла­тфор­ма­та, од дру­га стра­на Гр­ци­те, кои ве­лат де­ка ве­ќе ни упа­ти­ле пред­ло­зи за про­ме­на на име­то, од тре­та стра­на Ср­би­те, кои пре­ку Да­чиќ ни се за­ка­ни­ја де­ка ед­вај че­ка­ле да дој­де на дне­вен ред не­кое пра­ша­ње од наш ин­те­рес.

Јаневски: И го има­ме Бу­ша­ти, кој ни до­об­јас­ни де­ка во таа др­жа­ва со но­во име, кое Гр­ци­те ве­ли­ко­душ­но ни да­ва­ат да си го из­бе­ре­ме од нив­ни­те пред­ло­зи, но­во име ќе има и мно­зин­ски­от на­род. И пак до­а­ѓа­ме до пла­тфор­ма­та во ко­ја се ве­ли де­ка ит­но тре­ба да се ре­ши спо­рот за име­то за да вле­зе­ме во НА­ТО и во ЕУ. Во спро­тив­но… се знае. Е, се­га, до­дај­те го кон ова и оној ко­дош од Бри­та­ни­ја кој бил по­ли­тич­ки ко­ме­сар во бри­тан­ска­та ам­ба­са­да во РМ, Ти­мо­ти Лес, кој ба­ра по­дел­ба на на­ша­та др­жа­ва и це­ли­от мо­за­ик е скло­пен. Се раз­би­ра, по­тсе­те­те се и на сѐ што бе­ше на­пра­ве­но во овие две и пол го­ди­ни (и кој сѐ учес­тву­ва­ше во тоа) за да се спу­шти мно­зинс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ во пар­ла­мен­тот од 63 пра­те­ни­ци на се­гаш­ни­те 51 и сѐ си до­а­ѓа на свое ме­сто.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 229. број на неделникот „Република“, 20.1.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top