Неделникот „Фокус“ во 2009 година правејќи му портрет на Љубомир Фрчкоски, во специјален дел од весникот објави мислења и описи за Фрчкоски од негови познаници и современици, кои до детал го опишаа нговиот карактер. Панде Колемишевски, некогашен главен уредник на НИП Нова Македонија, за дневниот весник Дневник во 2007 година, посочил дека периодот на владеење на Фрчкоски со МВР бил период на врбување новинари, обиди за туркање полициски фабрикувани афери, инсталирање кадри и слично .
– Кога на чело на полицијата беше Љубомир Фрчкоски тоа беше период на користење суптилни и перфидни методи за врбување новинари, на обиди за протуркување на полициски фабрикувани афери, инсталирање кадри и слично. Морам да признаам дека Фрчкоски беше велемајстор во тој занает. Колку што читам весници и следам телевизија, гледам дека некои инсталации од тоа време се уште успешно функционираат. Голема среќа за Македонија е што тој не остана подолго во МВР и што се посвети на пишување на политичко-комични колумни…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фрчко засекогаш ќе остане „Асистентот Буреконосач“
-
Командант М’суси по стапките на Фрчкоски: Рафиз Алити го избра покусиот пат до Владата (ФОТО)
-
Фрчкоски забележан како излегува од просториите на СЈО (ВИДЕО)
-
Героски пропагира насилство: Фрчкоски не тепал деца, туку делел воспитни на вмровчиња (ВИДЕО)