| четврток, 6 декември 2018 |

Турција го бара синот на убиецот, го земале џихадисти од ИСИС

Турската полиција трага по тројца членови на ИД, за кои се претпоставува дека го чуваат четиригодишниот син на напаѓачот од ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, кој на новогодишната ноќ уби 39 лица.

При распитот во полицијата Абдулгадир Машарипов постојано прашувал за неговиот син,  наведе „Хабертурк“.

Напаѓачот пред истражителите открил дека додека бил во Силиври, кај него дошол човек кој го одвел неговиот син.

„Те бараат насекаде, ќе го земам детето, а кога ќе избегаш ќе и ти го вратиме“, му објаснил тој.

Се води операција за пронаоѓање на наводниот член на ИД, како и на уште двајца џихадисти осомничени за поврзаност со нападот на Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top