| четврток, 6 декември 2018 |

Резерви на крв, пушки, солзавец: Што се има претседателскиот кадилак на Трамп

trump cadilak

Во текот на денешниот ден на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе биде претставено и неговото ново претседателско возило „Кадилак Уан“ (Cadilac One). Специјалното возило американските медиуми го нарекуваат „Ѕвер” поради опремата која ја содржи и поради отпорноста на разни видови напади.

Автомобилот го произведе Генерал Моторс, а истиот се користеше и за превоз на Барак Обама, но Трамп порача подобрување на надворешниот дел. Автомобилот содржи оружје, меѓу кои се солзавец, пушки и гасни топови. Вратата и прозорците се отпорни на куршуми, а целото возило е отпорно на биолошки и хемиски напади. Долниот дел може да поднесе експлозија од бомба на патот.

nintchdbpict000294140426

Прозорците не можат да се отворат, освен на страната на возачот и тоа само седум сантиметри да може да плати патарина или да разговара со тајните агенти.

Автомобилот содржи боци со кислород, боци со крв од типот на крвта на претседателот, како и опрема за гасење на пожар. На местото каде што седи претседателот вграден е сателитски телефон кој директно е поврзан со потпретседателот и со Пентагон.

30AAFA8600000578-3420984-The_current_car_debuted_in_2009_and_thought_to_cost_up_to_1_5mil-a-4_1453994023697

Автомобилот е опремен со посебни камери за ноќно возење, а тркалата се посебно направени така што автомобилот може да вози и со пукната гума. Резервоарот на гориво е посебно заштитен и не може да експлодира.

Генерал Моторс доби 15 милиони долари да направи ваков автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top