Нешто што можевме скапо да го платиме по ремито со Исланд од 27-27 беа повредите на двајцата столбови во нашиот тим,Филип Миркуловски и Дејан Манасков. Сепак по деталните прегледи во болницата во Мец и направените снимки, повредата на Филип Миркуловски не е од сериозен карактер, па постојат реални шанси тој да настапи на утрешниот осминафинален натпревар против Норвашека. Мускулот не е скинат, па вечерва Миркуловски ќе се обиде лесно да тренира во Албервил.
Дејан Манасков се пожали на повреда, но и кај него таа не е сериозна и тој би требало да игра против Скандинавците утре од 16.00 часот. Со чартер лет нашите ракометари денес од 11.30 ќе отпатуваат од Мец за Албервил, а вечерва од 18.30 часот ќе го одржат официјалниот тренинг.
Заедно со репрезентацијата и стотици наши навивачи се селат на Алпите, каде целта е да се остане што е можно подолго во нокаут фазата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.