Вили Вебер, поранешниот долгогодишен менаџер на Михаел Шумахер го критикувал неговото семејство бидејќи не сака да открие каква е здравствената состојба на седумкратниот првак во Формула 1.
Вебер одлично го познава Шумахер со оглед на тоа што со него работел од јуниорските денови па се до 2012 година.
– Веќе подолго време зборувам дека семејството на Шумахер не ја кажува целата вистина. Крајно време е да ја соопштат на целата јавност и на сите негови поддржувачи, изјавил Вебер за германски Бунте.
– Секогаш кога ќе ми заѕвони телефонот се надевам дека ќе го слушнам него…надежта умира последна, додал Вебер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.