| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски: Од искуство, ова беше последен натпревар за мене на СП

filip mirkulovski

Филип Миркуловски повторно одигра еден натпревар до последниот атом од силите и нерешениот резултат на Македонија го плати со повреда и предвреме завршен натпревар.

– Повредата е на задната ложа, од моето искуство мислам дека не е добро. Дај Боже да е некој грч и да можам да се вратам брзо, но доколку нешто е скинато тоа ќе значи крај за мене на СП. Што се однесува до дуелот ние се вративме по ист рецепт како со Тунис, не се предадовме до последен момент. Мислам дека вчера не требаше толку многу да запнеме, но едноставно не понесе атмосферата. Филип Лазаров одигра добар натпревар, секоја чест и за Колев. Сега со Норвешка имаме какви такви шанси, за разлика од Франција доколку ни се паднеше – изјави Миркуловски.

За очекување е веќе вечерва Миркуловски да замине во болница во Мец, каде веднаш ќе му се извршат неопходните прегледи, со кои треба да се утврди видот и тежината на повредата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top