| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Против Норвешка одиме да направиме историја

kire lazarov 1

Македонската ракометна селекција со реми против Исланд ги заврши настапите во групата Б и на тој начин го обезбеди третото место и закажа дуел во осминафиналето протв Норвешка. Капитенот на нашиот национален тим Кире Лазаров по мечот изјави:

– Иако бевме максимално истрошени, денес можам да кажам дека извлековме максимум. Ова беше страшно тежок натпревар, но ние едноставно верувавме до крај и го испочитувавме договорот. Лично јас не се израдував како што треба, загружуваат повредите на Манасков и Миркуловски. Сега треба два дена што подобро да одмориме и да се подготвиме и да пробаме да направиме историја против Норвешка.

Осминафиналниот дуел до Норвешка се игра во сабота со почеток од 16.00. часот во Авербил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top