| четврток, 6 декември 2018 |

Не чекаше: Милан најде замена за Луиз Адријано

Фудбалскиот клуб Милан веќе најде замена за Луиз Адријано, кој вчера го напушти италијанскиот тим. Бразилскиот фудбалер реши својата кариера да ја продолжи во Спартак Москва, откако не се покажа најдобро во Милан, каде во 2015 година како големо засилување.

На негово место во првиот тим на Милан промовиран е јуниорот Патрик Кутроне.

Овој 18-годишен напаѓач е голема надеж на италијанскиот клуб, а во минатата сезона за јуниорскиот тим постигна 14 голови на 25 натпревари, а на последните 13 натпревари постигна дури 11 голови.

Тоа сигурно беше доволен мотив за тие да го преместат во првиот тим.

По Донарума и Локатели, Кутроне е третиот играч од академијата на Милан, кој во последната година е прекомандуван во првиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top