| четврток, 6 декември 2018 |

На пладне г.г. Стефан ќе го фрла крстот во Вардар од мостот „Слобода“

Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

101141922

Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени над 100 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2017“. Кум на манифестацијата годинава е Димитриј Јовановиќ, сопственик на ресторанот „Стара куќа“.

Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар од мостот „Слобода“.

Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.

Во Охрид традиционално во сите парохиски цркви на Дебарско-кичевската епархија ќе се одржи утрена богослужба и божествена литургија. Потоа верниците масовно заедно со свештениците ќе се упатат на Градското пристаниште, каде ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро, а потоа во 10 часот ќе се положи и чесниот крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top