| четврток, 6 декември 2018 |

Сосед со Роналдо – еве какви станови Ѓоковиќ испазари на Менхетен за 5,4 милиони долари

новак

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ купил два луксузни стана во изградба на Менхетен, пишува Вол Стрит журнал.

Реномираниот лист наведува дека Ѓоковиќ за двата стана со вкупна површина од 2.000 квадратни метри издвоил 5,4 милиони долари.

новак2

Зградата претставува ремек дело на архитектурата и градежништвото, а се состои од две кули. За изглед на објектот заслужен е познатиот архитект Ренцо Пијано.

новак3

Објектот ќе биде завршен во 2018 година.

Интересно е дека Новак веќе има стан во Мајами, кој исто така е дело на Пијано.

новак4

-Често престојувам во Мајами и Њујорк и убаво ќе ми биде да престојувам дома – рекол Ѓоковиќ.

Во елитниот дел на Њујорк стан неодамна купил и Кристијано Роналдо, но го платил 16,5 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top